| 1. Web страна изјава за одрекување од права Пристапот до оваа web страна (во понатамошниот текст: web страна) и нејзиното користење е уредено со Општи услови во согласност со закон (во понатамошниот текст: Општи услови). Со пристап до страната посетителот потврдува дека е запознаен со Општите услови, дека истите ги прифаќа, и е согласен дека одредбите на Општите услови обврзуваат. ODI si го задржува правото да ги измени или дополни Општите услови во било кое време, без посебно известување. Од оваа причина, Ви препорачуваме периодично да извршите проверка на евентуалните измени и дополненија на Општите услови објавени на нашата страна.
2. Заштитени знаци и авторски права
Web страната е интелектуална сопственост на ODI si. Сите информации, податоци, сервиси, прикази и друга содржина, вклучувајќи ги и сите компјутерски програми достапни на web страната, се заштитени со авторски права. Изречно е забрането менување, умножување, дистрибуција, пренос, прикажување, објавување, продажба, лиценцирање, редизајнирање или искористување во било кој смисол на web страната за комерцијални или јавни цели. Видео содржината, слики на физички лица, згради, објекти, места и др. слики, како и др. мултимедијални содржини прикажани на web страната, се сопственост на ODI si или се објавени со претходна добиена согласност на законските сопственици. Забрането е користење на било која од наведените содржини без претходно одобрение на законските сопственици. Секоја неовластена употреба на овие содржини ќе значи повреда на авторските и другите интелектуални права. Заштитените знаци, логоа, и марки прикажани на web страната се во сопственост на ODI si или на трети лица. Забранета е употреба на било кој од овие заштитени ознаки, без претходно пишано одобрение од страна на ODI si или од страна на нивните законски сопственици. 3. Ограничување на одговорноста
ODI si во ниту еден случај нема да биде одговорно за сегашна или идна, директна или индиректна штета (вклучувајќи изгубена добивка, трошоци за користење на алтернативни сервиси или пропуштање на одделни поволности) настанати од или во врска со употребата, потпирањето или неможноста за користење на web страната. Ова ограничување на одговорноста се однесува и на случаите кога ODI si претходно знаело дека може да дојде до ваков тип на штета. Ограничувањето на одговорноста го опфаќа и преносот на било која врста штетни компјутерски програми кои можат да предизвикаат оштетување на оперативниот систем на компјутерот на посетителот на web страната или телекомуникациски и телефонски врски, како и други потешкотии во воспоставувавње на врските (т.е. неможност за воспоставување на врска со провајдерот), предизвикувајќи неовластен пристап, кражба, грешка кај телекомуникацискиот оператор, како и други потешкотии во врска со работата или виша сила. ODI si не гарантира континуиран, непрекинат и сигурен пристап до web страната. ODI si во ниту еден случај нема да биде одговорно за загубата или штетата настаната заради информациите (или во врска со точноста на информациите) објавени на web страната, или во врска со било каков производ или услуга добиени од другите web страни кои се објавени на web страната. Секој кој пристапува на web страната потврдува и се согласува на своја лична одговорност да верификува точност, комплетност или важност на било која објавена содржина.
4. Без гаранција
Целосната содржина на web страната служи единствено за општи информации, а во ниту еден случај содржината не претставува професионален совет, наспроти неговиот контекст и форма. Ниту една информација дадена на web страната нема за цел да понуди било каков инвестиционен совет. Заради тоа ODI si Ви препорачува да консултирате професионален финанансисики советник во врска со било која содржина објавена на web страната и пред користење на истата да ја потврдите точноста на било кои податоци и информации објавени на страната, со вработените на ODI si или со други компетентни експерти. Целосното внимание е насочено кон обезбедување на коректни односи со посетителите на web страната, ODI si не прифаќа било каква одговорност за грешки и недостатоци (кои се резултат на временска неусогласеност, погрешно напишани податоци и др.), а во однос на содржината исправноста и точноста на податоците објавени на web страната. Сите објавени податоци имаат само информативен карактер, заради тоа е исклучително важно пред негово користење да ги консултирате вработените во ODI si. Содржината објавена на web страната може да биде погрешна и да има печатни грешки. Целосно прикажаната содржина може да подлежи на измени. ODI si недвосмислено ја исклучува одговорноста за било какви грешки и не гарантира дека содржината на web страната е потполна и ажурирана. ODI si не е обврзан да ја ажурира објавената содржина. ODI si го задржува правото да ја промени содржината на web страната (или самата web страна) без претходно предупредување. ODI si не одговара за точноста и поверливоста на било кое мислење, совет или изјава, објавени на web страната од страна на трети лица. Исто така нема да биде одговорно за било каква содржина објавена на другите web страни кои се линкувани на web страната.
5. Хиперлинкови до други веб сајтови
Web страната содржи хиперлинкови до други web сајтови, кои овозможуваат напуштање на web страната и премин на содржина која е во сопственост на трети лица. ODI si нема да биде одговорен за било каква модификација, верификација или ажурирање на содржината други web страни кои се линкувани на web страната. Фактот дека ODI si обезбедува пристап до ограничен број на други сајтови не значи дека гарантира, одговара или има било каква врска со тие сајтови и провајдери. Потпирање на информациите објавени на интернет и довербата во нивната точност, во себе носи одреден степен на ризик. Заради тоа ODI si ја охрабрува секоја внимателна оценка на точноста, комплетноста и применливоста на таквите информации пред нивната употреба. ODI si забранува употреба на кеш меморија и прикажување на било каква содржина преку т.н. фрејмови. ODI si го задржуваа правото да се оневозможи секој неовластен пристап до веб страната или фрејмовите и јасно ја исклучува одговорноста за содржините кои се објавуваат на други web сајтови. Заради тоа пристапувајте и користете ги другите сајтови, на свој сопствен ризик. Кога сервисот на ODI si е дополнет со производи или услуги на трети лица, ODI si им овозможува на третите лица да ги објавуваат своите информации (и да обезбедат хиперлинкови до други сајтови), а се со цел давање на информации на нивните клиенти. Во никој случај, оваа информација не треба да се гледа како професионален совет. Како и сите информации објавени на web страната од страна на трети лица имаат функција само да информираат, ODI si препорачува пред користење на истите да побарате совет од некој од вработените во ODI si или од друго службено овластено лице да ве упати дали таквите информации се однесуваат на нивниот производ или услуга. Било каква жалба заради грешка или узурпација во смисла на производи или услуги, презентирани на web страната од трети лица, се однесуваат исклучиво на третите лица. ODI si јасно ја исклучува секоја одговорност за директна, индиректна, дополнителна, извонредна, случајна или намерна штета во однос на производите или услугите презентирани како информација од страна на трети лица и објавени на web страната. Исто така, ODI si исклучува секоја одговорност за акт, грешка, пропуст, повреда, загуба, несреќа, одлагање или неправилност која е резултат на грешка, невнимание или некое друго однесување на третите лица. Сепак, според правилата за заштита на потрошувачите, регулирањето на оваа одредба не е насочена кон ограничување на правата на потрошувачите. Одредбите за доверливост на другите web страни кои се линкувани на страната можат да се разликуваат од оние објавени во Општите услови. ODI si исклучува било каква одговорност во однос на таквите одредби.
6. Точност на информациите
Сите соопштенија и други содржини објавени на web страната се вистинити и точни, според сознанијата на ODI si, а во времето на нивното објавување. Ваквите информации со тек на време застаруваат, заради што ODI si советува објавените содржини да ги прифаќате свесно заради нивното ограничено времетраење. Одредени информации на web страната се однесуваат на иднината и како такви содржат определена доза на ризик и несигурност и може да се земат за точни само оние кои биле актуелни во времето на нивната објава. За донесување на заклучоци во однос на информациите кои се однесуваат на иднината со извесна резерва земете ги в предвид поимите како што се ''се верува'', ''се очекува'', ''оптимистично'', ''се планира'', ''се предлага'', ''посакува'' и сл. ODI si советува пред да ги земете в предвид информациите од овој тип да го имате во вид датумот на нивната објава. ODI si не одговара за ажурираност или проверка на било кое мислење или информација објавени на web страната. Сите посетители на web страната треба внимателно да ја проверат датата на објава на содржината објавена на web страната.
7. Измена на Општите услови
ODI si го задржува правото во било кое време да врши измена и дополнување на Општите услови. Со посетата на web страната ја потврдувате Вашата согласност за евентуални измени и дополненија.
8. Користење на Општите услови
Во случај на користење на Општите услови, ODI si го задржува правото да ги преземе сите законски дозволни мерки вклучувајќи го и правото да блокира пристап до web страната од одредена IP адреса. Секој неовластен обид за измена, бришење или оштетување на податоците објавени на web страната или преземање кое би предизвикало привремена неможност за пристап на web страната, како и секој неовластен пристап до другите содржини на web страната, ќе бидат процесуирани.
9. Надлежно право и јурисдикција
Како посетител согласни сте да ги користите и интерпретирате Општите услови на web страната во согласност со словенечкото право. Секој спор кој би настанал во врска со користење на web страната, ќе биде решаван од страна на надлежниот суд во Љубљана со примена на словенечкото право.
|