Нашето Адвокатско друштво ги советува клиентите во остварување на нивните законски права и заедно со нив тежнее кон изнаоѓање на најдобрите решенија за нивните предизвици, притоа водени од етичките принципи, а особено проследени со висока професионалност.
Нашето Адвокатско друштво обезбедува широк спектар на правно застапување, советодавна помош и проверено водење на постапки како за домашни, така и за меѓународни клиенти. Шаренилото на понудени услуги произлегува од желбата на клиентот да му се понуди целосна услуга. На овој начин сакаме да им помогнеме на нашите клиенти во најсложените проекти во земјата и во странство, а едно место да им понудиме сеопфатна правна помош во многубројните области на нивното работење.
Со своите клиенти кореспондираме на словенечки јазик, како и на англиски, германски, италијански, хрватски, српски, македонски, шпански и pуски јазик. Сите вработени активно зборуваат и пишуваат на англиски јазик, една од вработените е овластен судски преведувач за англиски јазик.
Во зависност од комплексноста на случајот и опсежноста на потребното правно знаење, по потреба нашиот работен тим вклучува и надворешни експерти заради обезбедување на потполни и најефикасни решенија. Друштвото редовно соработува со ценети и угледни домашни и странски експерти, со одделни професори на Правниот и Економскиот факултет во Љубљана и Марибор, како и со научни институти и факултети, како што е Институтот за споредно право на Правниот факултет во Љубљана, Институтот за трговско право на Правниот факултет во Марибор и др.
Меѓународното работење на нашите клиенти предизвика потреба за отворање на поврзани Адвокатски друштва. Во лето 2009 година ја основавме нашата канцеларија во Србија, во лето 2010 година во Хрватска и Македонија, а истото планираме да го сториме и во Црна Гора. Во сите наши канцеларии се трудиме на клиентите да им нудиме иста професионалност и заштита на приватноста каква што уживаат во Словенија.